Под влијание на топол бран, Македонија влегува во период на сончево и многу топло време, со постепен пораст на температурите кои во првата декада од август локално ќе достигнат и до 40 степени.Денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени.Во Скопје се очекува сончево и топло време со слаб ветер од променлив правец