
Тридневен топлотен бран од денеска до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на некои места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови.
Поради најавените екстремно високи температури, вчера заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од пожари.
Според метеоролошките прогнози, највисоки температури се очекуваат утре, кога во Тесалија се предвидува до 41 степен, додека во областа Агринио, во Западна Грција, температурата може да достигне до 42 степени Целзиусови.
Од среда се очекува постепено намалување на температурите, и тоа прво во северните делови на земјата, а од четврток и во останатиот дел од Грција
The post ТОПЛОТЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ ЦЕЛА ГРЦИЈА Се очекуваат температури до 42 степени appeared first on plusinfo.mk.