Европа се подготвува за нов силен топлотен бран предизвикан од таканаречената „топлинска купола“, која во наредните денови ќе донесе екстремно високи температури, а на некои места и над 40 степени.

Во Франција и Шпанија, каде што веќе беснеат катастрофални шумски пожари, властите предупредуваат дека новиот бран горештини може повторно да ги разгори активните жаришта.

Огнената стихија досега уништи десетици илјади хектари шума, при што, покрај огромната материјална штета, страдаат и илјадници диви животни кои не успеваат да избегаат од пожарите.

Метеоролозите предупредуваат дека комбинацијата од екстремна жештина, суша и силен ветер создава идеални услови за брзо ширење на пожарите низ јужниот дел на Европа.

The post Топлинска купола ја погоди Европа, Франција и Шпанија во борба со огнените стихии appeared first on Прва Скопска ТВ.