Во моментов има застој на сообраќајот на кружниот тек кај хотелот „Национал“ на влезот во Кочани. Информациите од теренот велат дека е истечено големо количество нафта од камион, приближно еден тон.

Врз местото каде што е истечена нафтата се посипуваат земја и песок.

Екипите на КЈП „Водовод“, ТППЕ и ОВР – Кочани се на терен. Велат дека сообраќајот бргу ќе биде вратен во функција. 

The post ТОН НАФТА СЕ ИЗЛЕАЛ ВО КОЧАНИ Нафтата истекла од камион, сообраќајот во застој appeared first on plusinfo.mk.