Полициски службеници од СВР Тетово на 19 јули околу 10:30 часот го лишиле од слобода 47-годишен тетовец, по претходна пријава дека во семејниот дом му упатувал закани на својот 76-годишен татко и оштетил дел од покуќнината.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по приведувањето на осомничениот било извршено алкотестирање, при што биле измерени 3,22 промили алкохол во крвта.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Тетовец со 3,22 промили алкохол дивеел низ домот, полицијата го привела appeared first on Прва Скопска ТВ.