Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 32-годишен маж осомничен дека при вршење семејно насилство сторил кривични дела „Телесна повреда“ и „Загрозување на сигурноста“.Според Обвинителството, на 19 јули во семејниот дом во Тетово, осомничениот физички го нападнал својот татко, удирајќи го со тупаници по главата и телото.Откако оштетениот успеал да избега и да се засолни во друга просторија, осомничениот продолжил да му се заканува дека ќе го убие.Во врска со случајот, јавниот