Таткото на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, Томас Маркл постариот (82), е исфрлен од домог за нега на лица со деменција во Лејкленд, Флорида, каде што требаше да престојува откако судот му одобри пуштање на слобода со кауција и домашен притвор, објавува британски „Сан“.

На Томас Маркл судијата во Тампа во петокот наредил да биде пуштен на слобода со електронски надзор, односно да носи уред за следење на ногата. Меѓутоа, тој не се вратил во установата, а следниот ден неговите лични работи биле изнесени од домот.

Според пишувањето на британскиот весник, работите ги презел Марк Филипс, партнерот на неговата ќерка Саманта, односно полусестра на Меган Маркл, кој однел патерици и две големи ќеси со облека во нејзината куќа.

Според британскиот весник, работите ги презел Марк Филипс, партнерот на неговата ќерка Саманта, кој донел патерици и две големи торби со облека во нејзината куќа.

Томас Маркл беше уапсен откако агенти на ФБИ извршија претрес на установата во која престојуваше како дел од истрагата за поседување материјал за сексуално злоставувањр на деца.

Против него е покренато обвинение за поседување на спорниот материјал.

Според судските документи во кои увид имал „Сан“, истражителите заплениле околу 78 предмети од два магацина што Томас Маркл ги изнајмувал. Меѓу нив биле стари телефони, ВХС касети, фотографски негативи, слајдови и книги за кои се сомнева дека содржат недозволен материјал.

Во изјавата приложена на кривичната пријава на Министерството за правда на САД, биле опишани трите фотографии. На две, според наводите од документот, се наоѓа возрасен маж, кој еден сведок го идентификувал како Маркл постариот, со малолетно девојче. Третата фотографија го прикажува девојчето во соба што потсетува на објект на хотелски синџир на Филипините.

Судијката Линдзи Грифин наложила и проценка на разбирањето на Маркл за судската постапка и неговите права. По излегувањето од судницата, Маркл потврдил дека ги разбира обвиненијата.

Тој не се изјаснил за вината, а судијката препорачала рочиштето да се одржи во Калифорнија.

Му било одредено дека не смее да користи паметни уреди ниту да пристапува до интернет, како и да го предаде пасошот. Неговата адвокатка, Мери Волф, рекла дека Маркл не знае каде се наоѓа пасошот.

Случајот доби меѓународно внимание откако Томас Маркл помладиот, синот на осомничениот, пронашол фотографии и видеа меѓу личните работи на својот татко и ги предал на филипинските власти.

Според британскиот весник „Сан“, тој контактирал и со ФБИ, по што е започната истрага во САД.

Министерот за внатрешни работи на Филипините, Хуанито Виктор Ремула, претходно изјави дека меѓу материјалите што ги пронашле истражителите има околу 7.500 фотографии од малолетници, вклучувајќи деца на возраст од само десет години.

Доколку биде прогласен за виновен по федералното обвинение, Маркл се соочува со максимална казна од 20 години затвор.