Телата на 27-годишен маж и неговото тримесечно бебе биле пронајдени вчера во семејна куќа во селото Демирај, во општина Гњилане, Косово. Полицијата го уапсила 65-годишниот татко на починатиот маж, а воедно и дедо на бебето, под сомнение за двојно убиство.Првичните медиумски информации упатувале на можност дека Адонис Демири и неговото бебе загинале во експлозија на направа што наводно ја активирал самиот. Сепак, истрагата ја отфрлила оваа верзија и утврдила дека станува збор за насилна смрт.Косо