Според директорката на ЈНУ „Хидробиолошки завод – Охрид“, Орхидеја Тасевска, одлуката на УНЕСКО да ѝ даде на државата дополнителен период за спроведување на препораките не смее да се толкува како победа или како доказ дека проблемите се надминати.

Како научник, смета дека ова треба да биде пресвртница.

-Конечно мора да престанеме да реагираме само кога ќе добиеме меѓународно предупредување. Треба да изградиме систем во кој научните податоци ќе ги насочуваат политиките, а институциите ќе постапуваат навремено, координирано и транспарентно, нагласува Тасевска за Охрид и регионот, уверувајќи дека петте години што ги добивме не се подарок туку последен кредит на доверба.

Tасевска: Охрид не е прашање само на статусот пред УНЕСКО туку на нашата способност да го зачуваме највредниот природен и културен простор што го има државата