
Тантела, гламур и смели модни избори: Марјана Станојковска, Викторија Лоба и Јана Бурческа блеснаа на втората вечер на „Макфест“ (ФОТО)
Музиката беше во центарот на вниманието, но модните комбинации дефинитивно не останаа во втор план! Втората фестивалска вечер на „Макфест 2026“ донесе вистинска парада на стилови – од елегантни и женствени креации до впечатливи сценски изданија и лежерни комбинации со младешки дух. Познатите музички имиња, водителите и гостите во Штип уште еднаш покажаа дека фестивалската сцена е место каде што модата има своја важна улога.
