
„Кога граѓаните и земјоделците ќе прашаат зошто поднесовме интерпелација, сега се покажа зошто СДСМ поднесе интерпелација за овој неспособен, катастрофален и арогантен министер за земјоделство. Тој зборуваше за се, освен за неговото двегодишно катастрофално владеење“, рече пратеникот Миле Талески на денешната седница во Собранието.
Талески го обвини министерот Цветан Трипуновски дека „заедно со неговата криминална свита во министерството, направиле пустош во земјоделството“. Како што вели пратеникот, наместо реформи, добивме скандали и наместо европски фондови, добивме суспендиран ИПАРД.
-Дали после пустошот кој го направивте и предизборната лага на земјоделците, тука од Собранието ќе поднесете храброст да поднесете оставка? Лично од ваша страна да се одважите, не тоа дека сте му топ прв на Мицкоски да ве разреши, додаде пратеникот од СДСМ.
Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група предводена од СДСМ, со образложение за сомнежи за системска корупција во ресорот, за случаи на апсења на високи функционери поради примање мито, како и за наводно загрозување на јавниот интерес и суспензија на ИПАРД 3 програмата. Од опозицијата се наведува и дека политиките во секторот водат кон ризик од селективна и нетранспарентна распределба на јавните средства на штета на земјоделците.