Македонскиот музичар Тајзи сподели прекрасна животна вест со своите следбеници. Музичарот откри дека тој и неговата свршеница Ангела Анчевска го очекуваат првото дете.

Тајзи ја сподели среќната вест на социјалните мрежи преку неколку емотивни фотографии направени во Охрид. На нив, идните родители позираат прегрнати, додека во рацете држат снимка од ултразвук и бебешки чорапчиња.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

„Господ нè благослови со најубавиот подарок. Наскоро ќе станеме родители“, напиша музичарот во описот на фотографиите.

Под објавата се нижат честитки за вљубената двојка, која наскоро ќе се оствари во улогата на родители

Оваа среќна вест доаѓа само неколку месеци откако Тајзи на многу романтичен начин ја запроси Ангела во Охрид. Тој на Денот на вљубените клекна на колена и ѝ предложи брак на својата избраничка.

Тајзи, чие вистинско име е Драган Величковски, е препознатливо име на домашната музичка сцена, познат по повеќе хитови и авторски проекти, како и по емотивните пораки што често ги пренесува преку својата музика.