Триесет и петгодишен жител на гостиварското село Чегране заработи кривична пријава под сомнение дека извршил кривично дело „уцена“, откако наводно барал 5.000 евра од едно лице, заканувајќи се дека ќе објави тајно снимен разговор.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Тетово поднела кривична пријава против Г.Г. (35) од село Чегране, гостиварско.

Според полицијата, на 21 март 2026 година, во село Боговиње, пријавениот од Н.И. побарал да му исплати 5.000 евра. Притоа, без негово знаење го снимил разговорот, а потоа му се заканувал дека ќе ја објави снимката доколку не ги добие парите.

По целосно документирање на случајот, против осомничениот е поднесена кривична пријава за кривично дело „уцена“.

The post ТАЈНО ГО СНИМИЛ ПА БАРАЛ 5.000 ЕВРА Кривична пријава за уцена против 35-годишник од Чегране appeared first on plusinfo.mk.