Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 12:40 часот лишиле од слобода 40-годишна жена од гостиварско село.

Полицијата постапила по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг, кој навел дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејниот дом, жената физички го нападнала, при што била оштетена и дел од покуќнината, како и неговиот мобилен телефон.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post СВР Тетово: 40-годишна жена приведена по пријава од сопругот appeared first on Скопско ЕХО.