Сите држави членки на ЕУ дадоа зелено светло за отворање на првото поглавје од преговорите за пристапување со Украина и Молдавија, изјави украинската премиерка Јулија Свириденко.

„Добри вести. Се приближуваме кон членството во ЕУ“, напиша премиерката на социјалната мрежа „X“.

Кипар, кој во моментов претседава со Европската Унија, назначи дека ги започнал подготовките за формално отворање на првото поглавје од преговорите за пристапување со двете земји.

„Тоа е важен чекор во нивниот процес на евроинтеграција и испраќа силна порака за единството и одлучноста на ЕУ“, наведоа кипарските власти на „X“.

Првото поглавје од преговорите се фокусира на економските критериуми, функционирањето на демократските институции и реформата на јавната администрација.