Шведска, земја која со години важеше за една од најнапредните во дигитализацијата на образованието, постепено се враќа кон традиционалните методи на учење. Наместо прекумерна употреба на таблети и компјутери, сè поголем акцент се става на печатените учебници, читањето книги и пишувањето со рака.Шведските власти одлучија да го променат пристапот кон образованието поради загриженоста за влијанието на дигиталните уреди врз концентрацијата, читањето и усвојувањето на основните знаења кај учениците.К