За состојбата во изминативе денови во Гостивар ќе се дискутира на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар, најави градоначалникот Валбон Лимани. Тој додаде дека наскоро ќе се состане и кризниот штаб, за да се донесат „одлуки за надминување на проблемите со зголемениот број на заболени“.

– Директорката на ЈП „Комуналец“ Артана Асани е суспендирана заедно со уште неколку лица, кои се одговорни за градскиот водовод – рече Лимани на прес-конференција.

Лимани ги повика институциите да ја завршат нивната работа објективно и најави дека ќе соработуваат со нив до расчистување на случајот и надминување на состојбата.

Локалната самоуправа ќе објави број за граѓаните кои не се во можност да обезбедат вода за пиење, за да им биде донесена поблиску до нивните домови.

Лимани искажа благодарност до сите компании поединци кои деновиве се ангажираа за да се надмине недостигот на вода за пиење.

The post СУСПЕНДИРАНА ДИРЕКТОРКАТА НА ГОСТИВАРСКИ „КОМУНАЛЕЦ“ Вонредна седница на Советот на Гостивар и состанок на кризниот штаб appeared first on plusinfo.mk.