
Сушното време ја нарушува сеидбата и ја загрозува земјоделската производна ширум Азија, додека метеоролозите предупредуваат дека феноменот Ел Нињо би можел дополнително да ја влоши ситуацијата и да предизвика раст на цените на храната на глобалниот пазар.
Високите температури и недостигот на врнежи веќе влијаат врз приносите и ги принудуваат земјоделците да го намалуваат обемот на сеидбата во Азија. Ситуацијата дополнително се компликува со недостигот на вештачки ѓубрива и дизел-гориво предизвикан од војната на Блискиот Исток, што ги зголемува трошоците за производство на храна, пренесува Ројтерс.
Цените на пченицата пораснаа за околу 20 отсто од почетокот на годината, пред сè поради загриженоста за приносите во клучните земјоделски региони во Соединетите Американски Држави кои се погодени од суша.