
Масивните шумски пожари во Франција и Шпанија продолжија да се засилуваат во текот на ноќта со уште повеќе евакуации на жителите во близина на западниот француски град Бордо и главниот град на Шпанија Мадрид.
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денес изјави дека пожарот што беснее во регионот Жиронд во близина на популарното Бордо станал повторно екстремно интензивен и непредвидлив во текот на ноќта.
Околу 2.500 пожарникари, како и 1.500 воени лица и 1.200 полицајци се распоредени во регионот, објави Дојче веле.
Со последните евакуации во текот на ноќта вкупниот број на раселени лица во Франција се издигна над 220.000.
Во Бордо, конгресниот центар е претворен во импровизирано засолниште за раселените жители. Пожарите ги блокираа патишта, автопатот долж атлантскиот брег, и го запреа железничкиот сообраќај.
Пожарникарите се борат и со активен пожар во јужниот регион Вар, каде што се евакуирани 3 илјади луѓе.
Во соседна Шпанија, пожарите продолжија да ги зафаќаат областите западно и северно од главниот град Мадрид, каде што десетици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Вчера властите наредија евакуација на осум општини во близина на Толедо.
Нов пожар што беснееше надвор од крајбрежниот град Валенсија уби едно лице пред пожарникарите да можат да го стават под контрола.
-Не чекаат тешки часови, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез денес изјави, додека ги обиколуваше областите погодени од пожарот западно од главниот град.
Потоа додаде дека е забележан позитивен развој во контролирањето на пожарот кој се разгоре во текот на ноќта.