Форумот за образовни промени (ФОП), во име на шестмина студенти свои членови, поднесе тужба против Министерството за образование и наука пред Управниот суд поради неусогласувањето на износот на субвенционираниот студентски оброк со растот на животните трошоци. Од Форумот сметаат дека зголемувањето е законска обврска, а не прашање на добра волја на институциите.„Да бидеме јасни, висината на субвенционираниот студентски оброк не е прашање на ретроградниот Меркур или прашање на милостина на Владата