Струмичките пожарникари синоќа интервенирале на гаснење пожар во село Пиперево, каде што била зафатена импровизирана штала.

Од Територијалната противпожарна единица на Струмица информираат дека интервенцијата била извршена синоќа (недела, 7 јуни) околу 22:00 часот. На местото на настанот биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители.

Благодарение на брзата интервенција, пожарот бил целосно изгаснат за кратко време по пристигнувањето на екипата, со што било спречено негово понатамошно ширење.

Од ТППЕ Струмица повторно апелираат до граѓаните во случај на пожар или друга природна непогода веднаш да ги повикаат броевите за итни случаи 112 или 193.

The post Струмичките пожарникари интервенираа во Пиперево: Опожарена импровизирана штала appeared first on Radio StrumicaNet.