Полицијата синоќа околу 19:30 часот го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица, откако во возилото што го управувал биле пронајдени седум мигранти.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тој бил запрен во близина на крстосницата на локалниот пат Богородица – Гевгелија и регионалниот пат Гевгелија – Богданци.
При контролата на автомобилот „Фиат стило“, со австриски регистарски ознаки, биле пронајдени четири лица од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. По дополнителните проверки било утврдено и дека 36-годишникот го управувал возилото без возачка дозвола.
За случајот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Струмичанец приведен кај Гевгелија, во неговото возило пронајдени седум мигранти appeared first on Radio StrumicaNet.