ЈСП „Струмица Транспорт“ ги известува патниците дека од денеска, 27 јули, до 31 јули 2026 година, Линија 1 нема да сообраќа на патниот правец од Капела до Вељуса и обратно, во периодот од 10:30 до 14:30 часот.

Причина за привремениот прекин на сообраќањето се градежните активности што се изведуваат на овој патен правец.

Од јавното сообраќајно претпријатие им препорачуваат на патниците навремено да го планираат своето патување и им благодарaт за разбирањето.

The post „Струмица Транспорт“: Поради градежни активности, Линија 1 нема да сообраќа по четири часа дневно appeared first on Radio StrumicaNet.