Во македонската политика одамна не изненадува кога опозицијата секој партиски настан на власта го претвора во повод за драматична морална пресуда. Таков впечаток остава и реакцијата на пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, која најавената прослава на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ на стадионот во Струмица ја претстави како прашање од речиси државна важност. Наместо аргументирана политичка анализа, нејзината објава повеќе личи на обид за партиско поентирање преку емоционален набој, во стил веќе добро познат на македонската јавна сцена.

https://www.facebook.com/share/p/18vAQvN51F/

Тренчевска реагираше на најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбележи својот партиски роденден на стадионот во Струмица, поставувајќи прашање дали ваквиот настан ќе биде организиран со средства на граѓаните.

Во објава на социјалните мрежи, таа оцени дека власта има погрешни приоритети во период кога, според неа, граѓаните се соочуваат со економски проблеми.

„Колку забегавте! На стадионот во Струмица ВМРО-ОКГ ќе слави роденден! Со парите на народот?“, напиша Тренчевска.

Пратеничката на СДСМ ја обвини власта дека наместо да презема мерки за подобрување на животниот стандард, организира прослави. Таа праша дали е соодветно да се планира ваков настан во време кога, како што тврди, доцнат исплати на социјална помош.

„Ви треба прослава во време на криза и ниту една мерка за да подобрите животен стандард на граѓаните? Ви треба прослава, а доцните со исплата на социјалната помош?“, праша Тренчевска.

Во продолжение, таа посочи и дека државата продолжува да се задолжува, оценувајќи дека товарот од тие задолжувања на крајот паѓа врз граѓаните.

„Ви треба прослава, а секој ден се задолжувате, односно го задолжувате народот?“, наведе пратеничката.

Тренчевска на крајот порача дека, според неа, власта можеби ќе ја задоволи сопствената суета, но дека конечната оценка ќе ја дадат граѓаните.

„Суетата ќе си ја задоволите, ама народот ќе ви пресуди“, порача Тренчевска.

The post СТРУМИЦА ПРЕД ПАРТИСКИ СПЕКТАКЛ, СДСМ ПРЕД НОВА ДРАМА: КОЈ ЈА ПАЛИ ПОЛИТИЧКАТА ИСКРА? appeared first on Politika.