
Македонија ќе добие стручна помош во делот на конзервација и заштита на културното наследство од Франција и за заштита на културното наследство во Охрид согласно препораките на УНЕСКО.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и францускиот амбасадор Кристоф ле Риголе денес потпишаа меморандум за соработка во област на културата и туризмот.
Со него се предвидува размена на искуства и помош која Македонија ќе ја добие од Франција во делот на конзерваторските работи на културното наследство, во делот на преводи на ракописи, зачувување на аудио и видео материјали од Македонската радио телевизија, и развој на културен туризам.
-Секако дека ќе има помош и за Охрид, кога збруваме за културното наследство зборуваме за територијата на целата држава. Сега не можам да кажам за што кокретно, но бидејќи ги мапираме сите проекти би оставил работните група која ќе биде формирана за сите проекти да ни ги приложи предлозите, изјавви за „Локално“ Љутков.
Тој рече дека соработката меѓу двете земји секогаш била на високо ниво, но овој пат разговараат и за теми кои во делот на културното наследство.

Фото: Локално
-Но, најмногу се врзуваме во делот на креативните и културни индустрии, бидејќи тие се економскиот генератор, бидејќи овој дел од културата е можност за остврување на финансиска добивка или за самобвработување на дел од уметниците. Не би зборувал конкретно, но формираме работни групи и во однос на тие работни групи ќе излезат конкретните проекти да ги имплементираме во иднина, изјави Љутков.
Францускиот амбасадор Риголе рече дека еден од тие проекти кои ќе се реализираат со македонско-француската културна соработка ќе се организира кон крајот на септември и е насловен како „Европски дијалози“, на кој ќе учествуваат претставници од регионот но и од Франција за да разговараат за различни теми и европската иднина на регионот и идентитетските прашања.
-Сакам да ја искористам можноста да го најавам и оддржувањето на фестивалоот на францускиот филм, кој ќе се случува следната недела од 17 до 19 јуни во Синеплекс, а на 20 јули во Кинотека на Македонија, изјави Риголе.
Тој потсети дека пред две години Француската национална библиотека од Париз заедно на Национална и универзиотетска библиотека „Св. Климент Охридски“ имале кокретна соработка за зачувување на старите ракописи, и дека тоа е дел од добрата соработка меѓу двете земји.
Е.Б.