Четири лица загинаа, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата околу 12:25 часот на северната обиколница околу Вировитица, објавија хрватските медиуми.

Според досегашните информации, до судирот на двете возила дошло на државниот пат DC 538.

Порталот ICV јавува дека на местото на несреќата бил повикан хеликоптер, но лицето што било пренесувано, поради тежината на повредите, не преживеало.

Повреденото лице е пренесено во Општата болница Вировитица за укажување лекарска помош. На местото на настанот бил изршен увид од жупанското државно обвинителство на Бјеловар, со цел да се утврдат сите околности што довеле до несреќата.

Според неофицијални информации на „Јутарњи лист“, во несреќата учествувале два автомобила. Меѓу загинатите се две лица од Загреб, чие возило се превртело на покрив, а целиот товар од двете возила се распрснал по коловозот.

Државниот пат околу Вировитица повеќе часови беше затворен за секаков сообраќај.

The post СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА, ВОЗИЛАТА СЕ РАСПАРЧИЈА! Најмалку четворица мртви appeared first on plusinfo.mk.