Националната алијанса на туристички агенции на Грција објави дека утре ќе биде прекината работата на граничните премини меѓу Северна Македонија и Грција од 5 до 9 часот по македонско време, или од 6 до 10  часот по локално време во Грција.  Патничките возила ќе бидат пропуштани на секои десет минути.

Министерството за внатрешни работи во петокот соопшти дека според информациите добиени од надлежните во Грција за утре е најавен штрајк на царинските службеници.

Прекинот на работата се однесува на царинските служби на копнените гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија), се наведува во соопштението на JUTE.

Според достапните информации, патничките возила ќе бидат пропуштени на секои десет минути, додека товарниот сообраќај ќе биде целосно прекинат во двата правци.

JUTЕ им препорачува на патниците да го планираат своето патување со можност за подолг престој на граничните премини во утринските часови, како и да ги следат информациите од надлежните институции и состојбата на граничните премини.