Изјавата на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски дека Вториот протокол од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ, според аналитичарот и извршен директор на Преспа институтот, Андреја Стојковски е одлична, бидејќи, како што вели, со тоа се урива можноста за натамошно ширење на параноја дека ни е загрозен идентитетот. Тој за „Локално“ изјави дека единстевната обврска која е напишана во Преговарачката рамка која ја има Македонија е да ги направи измените на Уставот и во Преамбулата да ги стави Бугарите како немнозинска заедница во земјата.

Според него, власта треба да престане со изјавите дека ќе ја промени Преговарачката рамка или дека ќе најде креативно решение за да ја одложи примената .

-Тоа што изјавил министерот Муцунски е одлично, затоа што конечно ставаме крај на тоа дека Протоколот број 2 носи обврски и така натаму. Одлично во смисла дека ја урива можноста за натамошно ширење на параноја дека ние сме се обврзале на нешто што не треба и дека не знам какви обврски сме преземале, дека идентитетот е загрозен и така натаму. Останува обврската државата да направи уставни измени и ако се следат изјавите на бугарскиот претседател, сега премиер, поранешните премиери, актуелните премиери и министри нема друга обврска за оддржувањето на Втората меѓувладина конференција и отворањето на кластерите освен усвојувањето на уставните измени, рече Стојковски.

Тој објаснува дека треба да биде јасно што содржи Вториот протокол, што содржи Преговарачката рамка и кои се обврските за Втората меѓувладина конференција.

-За одржувањето на Меѓувладината конференција и за продолжувањето на преговарачкиот процес и отварањето на првиот кластер, обврската е содржана во Преговарачката рамка. Таа е документот кој го управува процесот на преговори и објаснува што треба да стори државата, што треба да стори Унијата. Во Преговарачката рамка е утврдено дека првата Меѓувладина конференција се оддржува веднаш по донесување на одлуката за нејзино донесување и таа се случи уште во јули 2022 година. За оддржувањето на Втората меѓувладина конференција, државата согласно Преговарачката рамка која беше разговарана и усвоена и од ЕУ и од нас, треба да направи една работа, а тоа е да ги внесе Бугарите во Уставот, рече Стојковски.

Тој смета дека она што се случи по оддржувањето на Првата меѓувладина конференција и по прифаќањето на компромисното решение предложено од Франција, беше параноја која во јавноста ја ширеа одредени лица.

-Дали тие лица беа поврзани со тогашната опозиција, сегашната влст или не, не е важно…Тоа се одредени лица кои што се на функции во рамките на институциите на власта, претседателката, во Владата. Протоколот број 2 е потпишан на 17 јули 2022 година и е за вториот состанок за Заедничката меѓувладина комисија формирана врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Во протоколот број 2 по дневниот ред кој е утврден за тој состанок, вели: преглед на постигнатото во однос на договорот – тоа е точка 1, точка 2 е во делот на секторска соработка усвојување на годишни извештаи за разбота на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовани прашања, точка 3 е усвојување на нассоки за дејствување во исполнување на договорот и точка 4 е потпишување на протоколот од оддржаниот втор состанок на Заедничката меѓувладина комисија. Тие се четирите точки во Протоколот број 2. Ако се оди точка по точка, се гледа дека веројатно користеа тоа што протоколот не беше видливо достапен и споделен за да шират параноја за точка број 2 или Историската комисија, изјави Стојковски.

Тој објаснува дека со оваа точка се дефинира дека двете држави ги усвјуваат извештаите на Заедничката историска комисија.

-Натаму се редат точки кои се усвоени и вика во текот на наведениот период опфатен со извештаите, Комисијата има остварено 13 состаноци тоа е точката број еден од дневниот ред, а во втората точка вели двете држави ја охрабруваат Комисијата да ја забрза својата работа и да се постигнат јасни резултати. Но во неа не се предвидува ништо конкертно, кога е и што е. Така што овој момент на параноја е намерно продуциран за политички потреби, дали на тогашната опозиција, а сегашната власт, дали на некои други вмешувачи во процесот за да се запрат демократски прцеси и стабилизирање и поврзаување на државата со западните демократии за нашето натамошно интегрирање во ЕУ, изјави Стојковски.

Соговорникот појаснува дека отворањето на преговорите не е поврзано со Вториот протокол, кој е всушност записник од одржување на Втората меѓувладина седница на меѓувладините комсиии за имплементација на договорот.

-Во тој протокол не се содржани никакви конкретни обврски кои му одат на штета на идентитетот на државата, не се содржани обврски дека Историската комисија треба да ја заврши својата работа пред пристапувањето на Македонија во ЕУ и не се содржани рокови во однос на Историската комисија. Единствено содржи формулација која што вели се охрабрува да испорача резултати, потенцира Стојковски.

Во однос на изјавите дека уставните измени не мора да стапат на сила веднаш, Стојковски вели дека според неговото сеќавање е дека тие мора веднаш да стапат на сила и дека секое тврдење дека ќе ја смениме Преговарачката рамка или дека ќе се одложи примената, нема да ја смени состојбата и нема да ни помогне.

Е.Б.