
„Владата може да испорача во некои области, но не испорачува таму каде што тоа е пресудно за довербата во институциите и за напредокот на пристапниот процес. Затоа ова не е само извештај за проблемите на државата; тоа е и оценка за тоа што актуелната Влада не успеала да го промени“, изјави извршниот директор на „Преспа институтот“ и познавач на состојбите, Андреја Стојковски за последниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.
Стојковски потсети дека уставните измени се преземена обврска и предуслов за следниот чекор во преговорите.
-Прашањето е како да ги спроведеме одговорно, со широк политички и општествен договор и со јасно објаснување на секоја одредба пред граѓаните, вели, меѓу другото, директорот на „Преспа институтот“.