
За советничката од „Независни за Карпош“, Татјана Стојановска, многу лесно го сфаќаме моментот дека како земја бевме ставени во една од земјите кои што потешко ќе бидат погодени со климатските промени. Во разговор за невремето во Скопје и состојбата по општините, вели дека немаме преземено никакви превентивни акции за да видиме како можеме да се заштитиме од климатските промени кои што се појаки и поизразити.
-Ако сакаме во иднина да имаме некакво реално покривање на такви штети, ќе мора или „Паркови и Зеленило“ да постапува многу побрзо или да се овозможи комуналните служби на локалните општини да реаагираат по однос на критичните дрвја. Не би барала вина туку бараме решенија. Тука најмногу е погодено „Паркови и зеленило“ бидејќи најголемата штета настана од откорнување на дрвја, потенцира советничката во Советот на Општина Карпош за паднатите дрвја и покриви од зградите.