Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ сподели видео на социјалните мрежи од, како што информира, сквернавење на објектот на културното-уметничко друштво „Српски вез“.  Се наведува дека биле испишани натписи „УЧК“ во Куманово.

Според Стоилковиќ, ваквото однесување е резултат на тоа што неговата партија е две години дел од власта.

„Ксенофобијата со примеси на шовинизам константно присутна во јавноста, посебно изразена последниве две години од учеството на ДПСМ во Владата, пропратено со незаслуженот молк на јавноста почнува да дава видливи резултати кои се многу поголеми од вандализмот на оваа дивљачка хорда, чие насилничко, деструктивно и нецивилизирано однесување врз имотот и просториите каде со фолклор (КУД Српски вез) се занимаваат повеќе од 200 деца и скрнавењето со натписи УЧК кое и државата и јавноста би требало најстрого да го санкционира. За политиките кои го потикнуваат ваквото однесување во некоја друга прилика. Никој нема да биде изоставен“, објави Стоилковиќ.