СДСМ ГО ШТИТИ  СЛАВЕСКИ ОД ОДГОВОРНОСТ СО УЛТИМАТУМОТ ДО МИЦКОСКИ?!

Зошто СДСМ толку упорно го претставува Трајко Славески како човек кој треба да го пријави Христијан Мицкоски, а речиси воопшто не зборува за неговата сопствена одговорност?

Славески не е случаен сведок во приказната за Алта банка, туку гувернер на Народната банка – независна институција чии одлуки се носат самостојно, во рамките на законските надлежности и процедури. Ако имало политички притисоци, тие треба да бидат предмет на истрага. Но, тоа не ја ослободува одговорноста на гувернерот за постапувањето на институцијата со која раководи. Ако одлуките се носат самостојно, тогаш јавноста има право да праша каква била улогата на Славески, како постапувал и дали сите процедури биле почитувани. Наместо да бара одговори за институционалната одговорност, СДСМ ја насочува целата приказна кон ултиматум до Славески да го пријави премиерот. Така, гувернерот се претставува како потенцијален сведок против Мицкоски, а не како прв човек на институцијата чие постапување исто така заслужува јавна проверка. Дали ова е обид да се префрли целата политичка и институционална одговорност врз премиерот, а Славески да се постави во улога на човек кој треба само да сведочи? Во продолжение го пренесуваме соопштението на СДСМ во целост.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

СДСМ: Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!

Трајко Славески призна дека Мицкоски вршел притисок за дозволата на Алта банка. Сега има уште многу малку време да го пријави. Обвинителот Савески работи на повик. По наредби од собраниската говорница, по барања упатени од телевизија. Не работи самостојно. Чека повик од Мицкоски. Ако сега Славески не го направи тоа, потоа ќе биде касно. Во Европа имаше санкции и суспензии за Алта банка. Во Црна Гора регулаторот ја одби Алта банка и ги потврди притисоците. Во Србија сега е отворен стечај, извршено е апсење на Мацура и отворена е истрага за 380 милиони евра. Формален сопственик е човек со менувачница. Сомнежите се однесуваат на потеклото на капиталот. Sky преписки со „Оскар“. Врски со Шариќ и Беливук. 5 тони дрога од Македонија кај сестринската партија СНС. Состаноци со Вулин и Гашиќ. Мицкоски ја внесе Вучиќевата пералница на пари од криминал и корупција во Македонија. Го внесе и осигурувањето. Ги внесе парите на јавните претпријатија и на граѓаните во Алта банка. Ова е веќе видено сценарио од Србија. Апсењата таму се секојдневни. Наскоро ќе излезе целата вистина на виделина. Вучиќ рече дека тој ништо не потпишувал. Од тогаш, долг е редот на сведоци и соработници на правдата. Славески, имаш уште малку време. Пријави го Мицкоски. Инаку во пријавата ќе бидеш ти обвинетиот. И ќе одговараш заедно со бандата. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја штитите бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. Славески, часовникот отчукува!

The post ШТО СЕ ОБИДУВА СДСМ ДА ПОКРИЕ СО УЛТИМАТУМОТ ДО СЛАВЕСКИ: МИЦКОСКИ ДА БИДЕ ПРИЈАВЕН, А ГУВЕРНЕРОТ ДА БИДЕ ПОШТЕДЕН ОД ОДГОВОРНОСТ? appeared first on Politika.