
Поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев и тројца други осомничени за злоупотреби одат во 30-дневен притвор.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, а кои попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена поради постоење на основите од член 165 став 1 од Законот за кривичната постапка. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, соопшти Кривичниот суд.
ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ ВО ЦАРИНАТА Обвинителството бара притвор за четворица осомничени
The post СТЕФАН БОГОЕВ ДОБИ 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР Поранешниот директор на Царина е осомничен за мито и за злоупотреба при јавна набавка appeared first on plusinfo.mk.