Министерството за внатрешни работи информира за неколку одвоени случаи регистрирани во Скопје во текот на изминатите 24 часа.На 13 јуни во 12:30 часот во СВР Скопје, 80-годишниот К.С. од Скопје пријавил дека околу 08:00 часот на подрачјето на Центар, женско лице со употреба на физичка сила од неговата чанта одзело пари и побегнало од местото.Во втор случај, на 14 јуни во 03:35 часот, полицијата ја привела 45-годишната М.П. од Скопје. Таа претходно, околу 03:15 часот, телефонски, а потоа и во Полициската станица Ѓорче Петров, агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.И за овој случај, по неговото документирање, ќе биде поднесен соодветен поднесок.