Во денешната авионска несреќа што се случи во Хрватска, поточно на подрачјето на Медулин, животот го загубија најмалку четири лица, додека за две наводно сè уште се трага.

Истарската полиција потврди дека пријавата за падот на малото летало била примена во 11:18 часот. Веднаш по дојавата, сите надлежни служби биле упатени на терен.

Причините за несреќата сè уште не се официјално утврдени, но искусниот пилот Нијаз Делиќ, кој го користи спортскиот аеродром во Медулин, за „Јутарњи лист“ откри чудни детали за последните моменти од летот:

„Не знам како дошло до несреќата. Од за мене непознати причини, пилотот, кој инаку е искусен и кој требаше да слета на спортскиот аеродром во Медулин, над депонијата за отпад Каштијун направил спирала и се забил во земјата. Тоа е единствената информација што ја имаме.“

Истрагата на надлежните органи и Агенцијата за истражување несреќи во воздушниот сообраќај е во тек и треба да открие дали станува збор за технички дефект или човечка грешка.