
Министерството за надворешни работи на Србија денеска ги демантираше тврдењата дека во институцијата намерно се уништува службена документација.
Во соопштението објавено на 30 октомври, МНР наведува дека документите се чуваат одговорно и професионално и дека со нив се постапува исклучиво во согласност со законите и интерните прописи.
„Тврдењата објавени на социјалните мрежи и пренесени во одделни медиуми се целосно невистинити“, се наведува во реакцијата на Министерството.
Од институцијата го осудија ширењето на ваквите информации, оценувајќи дека со нив се доведува јавноста во заблуда и се нарушува угледот на Министерството и неговите вработени.
МНР соопшти и дека во моментов е целосно насочено кон уредно примопредавање на должностите, со цел да се обезбеди континуитет во функционирањето на државните институции и служби.
Меѓутоа, студентите од Факултетот за технички науки во Нови Сад изнесоа спротивни тврдења.
Upravo su radnici ministarstva spoljnih poslova uspeli da spreče seckanje dokumentacije. https://t.co/8uWlWF5Vil
— FTN SE BUDI (@ftn_se_budi) October 30, 2026
Студентите од Факултетот за технички науки во Нови Сад објавија фотографии од документација за која тврдат дека требало да биде уништена во Министерството.
„Токму работниците на Министерството за надворешни работи успеаја да спречат сечење на документацијата“, објавија студентите на нивниот профил на социјалната мрежа Икс.
Според објавата, вработени во Министерството спречиле уништување на документите. Министерството, од своја страна, ги отфрла ваквите наводи.