Царинските службеници на граничниот премин Богородица запленија 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, чија проценета вредност изнесува околу девет милиони денари. Во акцијата е приведен возачот на камионот, српски државјанин, против кого е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поради сомнение за кривично дело криумчарење.Според Царинската управа, товарното возило било пријавено за транзит од Грција кон Србија, а според документацијата превезувало градежен ма