Двајца млади спасувачи успеале да спасат двегодишно и пол девојче кое вчера околу пладне било извлечено во несвест од морето на плажата Полихроно на Халкидики.Како што објави грчкиот портал „Прототема“, спасувачите Атина Хоромиду и Танос Економу веднаш започнале со кардиопулмонална реанимација (КПР), откако добиле дојава дека детето е во животна опасност.„Колегата доби повик дека детето е во неволја и веднаш истрча. Јас ја земав опремата и боцата со кислород, дотрчав до местото и во исто време п