
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски вчеравечер на емисијата „24 анализа“ на „ТВ 24“ изјави дека средбата меѓу двете претседателки била претежно протоколарна и дека не очекувал таа да донесе промени во односите или во процесите поврзани со спорот бидејќи клучните одлуки не зависат ниту од претседателката Силјановска-Давкова ниту од нејзината бугарска колешка Јотова.
„Факт е дека ние мораме да добиеме одговор од страна на Премиерот и од Владата што понатаму со процесот, да имало средби во Тиват и со Германија и со Франција, по изјавите на премиерот е дека не може до крај да се соопштат сите детали од разговорите, јас и го разбирам таквите позиции не секогаш треба да се споделуваат сите детали од таквите средби, но се плашам да не биде само замајување на јавноста дека ние водиме некаков разговор и дека нешто ќе направиме позитивно од оваа состојба којашто ја имаме“, изјави Спасовски.
Тој додаде дека клучен е ставот на Владата за отворените прашања со Бугарија, оценувајќи дека во јавноста се испраќаат двојни пораки – и за непопуштање во „одбраната на државните позиции“ и за можноста од напредок во евроинтегративниот процес без внесување на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот и дека. Според него, успехот ќе зависи од способноста да се искористат актуелните геополитички околности.