
СДСМ обвини дека Владата одби да го прифати амандманот за финансиска поддршка на Сојузот на борците, со кој се бараа два милиони денари за непречено функционирање на организацијата и зачувување на традициите на Народноослободителната борба.
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во своето обраќање во Собранието посочи дека ова е истот амандман што се поднесува при секој буџет и ребаланс, но и покрај претходните ветувања, Сојузот на борците сè уште нема добиено финансиска поддршка од државата.
„Два милиони денари за Сојузот на борците – средства за нивното функционирање и зачувување на традициите на Народноослободителната борба. СДСМ поднесе амандман, но власта го одби.
Антифашизмот и темелите на македонската државност не смеат да останат само декларативна вредност. Тие заслужуваат почит и конкретна поддршка. Тоа е нашата историја, нашата државност и наша обврска да ги чуваме“, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ.