Повеќе од 15 милиони домашни миленици живеат во шпански домаќинства, речиси двојно повеќе од деца под 17 години, според прелиминарниот извештај на Националната статистика за заштита на животните, објавен од Министерството за социјални права, потрошувачки прашања.

Според податоците засновани на регистрациите во регионалните регистри од 2021 до 2025 година, во Шпанија живеат вкупно 15.171.569 домашни миленици, објави порталот „Ел Мундо“.

Исто така, беше наведено дека според податоците од Националниот институт за статистика, 7.826.974 деца под 17 години живееле во земјата на 1 април.