Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, во детето удрил мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски таблички, управуван од 32-годишниот Д.С. од Куманово.

По несреќата, детето било пренесено во Општата болница во Куманово, каде му била укажана лекарска помош. Засега не се соопштуваат детали за тежината на повредите.

Полициска екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.

The post Сообраќајка во Куманово: Мотоциклист удри дете на улица appeared first on Прва Скопска ТВ.