Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случи утрово на булеварот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во близина на поранешниот хотел „Бристол“, информира Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата соопштија дека несреќата е пријавена денеска околу 08:20 часот во СВР Скопје, а во неа учествуваа автобус со странски регистарски таблички и мотоцикл.

„При тоа, со повреди се здобил мотоциклистот“, информираат од полицијата.

Текстот Сообраќајка во центарот на Скопје – повреден е мотоциклист е превземен од А1он.