Во Македонија времето ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата.Минималната температура ќе се движи од 1 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.