Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува ветер од југоисток.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека преку ден ќе достигне до 32 степени.

The post Сончево и топло време, температурите ќе достигнат до 35 степени appeared first on Прва Скопска ТВ.