Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 0 степени Целзиусови, додека дневните ќе достигнат од 10 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 0 до максимални 19 степени.
Од УХМР најавуваат дека стабилното време ќе се задржи до крајот на работната недела, при што се очекува постепен пораст на дневните температури. За време на викендот, пак, се очекува посвежо време со можност за слаби врнежи од дожд.
The post Сончево и потопло време денеска, температури до 20 степени appeared first on Прва Скопска ТВ.