Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а максималната температура ќе достигне до 37 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, а попладне во делови од котлината се можни краткотрајни врнежи, грмежи и засилен ветер.

До петок времето ќе остане променливо и нестабилно под влијание на влажни воздушни маси. Во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а локално и краткотрајно невреме со силен ветер и град. Поради продор на постудена воздушна маса од север, од крајот на неделата се очекува значително опаѓање на дневните температури.

The post Сончево до 37 степени, попладне можни пороен дожд, грмежи и град appeared first on Скопско ЕХО.