Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница, на која пратениците ќе расправаат за повеќе законски решенија од областа на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност.

На дневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка.

Пратениците ќе дебатираат и за Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во прво читање, како и за Предлог-законот за научноистражувачката дејност.

Во рамки на седницата ќе биде разгледан и Предлог-законот за високото образование, кој исто така е во прво читање и претставува дел од пакетот законски решенија насочени кон унапредување на образовниот и научниот систем во државата.

The post Собранието денеска расправа за пакет закони од областа на високото образование appeared first on Прва Скопска ТВ.