Три комисии во Собранието денеска ќе одржат седници на кои ќе се разгледуваат кадровски решенија, промени во собраниските тела и законски измени во областа на земјоделството.Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ги разгледува пристигнатите пријави на јавниот оглас за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, по што треба да утврди предлог-кандидат за функцијата.На дневниот ред се и предлог-одлуки за избор на члено