
Триесет и шестгодишен скопјанец е лишен од слобода откако 29-годишна жена пријавила дека ѝ се заканувал дека ќе испрати фотографии со експлицитна содржина до членовите на нејзиното семејство доколку не му даде пари и не стапи во сексуален однос со него.
Жената го пријавила случајот во полиција, по што на 5 ноември, во 9:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.С. (36) од Скопје во Полициската станица Кисела Вода.
Според пријавата, тој ја уценувал жената со закана дека ќе ги испрати нејзините интимни фотографии до нејзиното семејство доколку не ги исполни неговите барања за пари и сексуален однос.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
The post СО ИНТИМНИ СЛИКИ ЈА ПРИСИЛУВАЛ НА СЕКС И Ѝ БАРАЛ ПАРИ Ѝ се заканувал дека ќе ги испрати до нејзиното семејство appeared first on plusinfo.mk.